Олимпискиот факел ќе се најде во вселената

Олимписка случка со вакви размери за прв пат се случува во историјата на олимпијадите, и таа долго ќе се памети во историјата.

Уште во ноември годинава познатиот олимписки факел ќе биде испратен на Меѓународната вселенска станица заедно со вселенскиот брод „Сојуз ТМА-11М“. На ракетата-носач која ќе го носи „Сојуз ТМА-11М“ ќе бидат насликани симболите на Олимпијадата во Сочи, пренесува РИА Новости.

За прв пат досега, факелот ќе биде изнесен и во отворена вселена од двајца руски космонаути: Олег Котов и Сергеј Рјазански. Сепак, тој нема да биде запален, бидејќи тоа може да биде опасно ако се направи истото внатре во МВС, а и нема да биде можно да се запали во отворената вселена поради тоа што таму нема кислород.

Факелот ќе го врати Фјодор Јурчихин, космонаут кој во моментов се наоѓа на МВС. Олимписка случка со вакви размери за прв пат се случува во историјата на олимпијадите, и таа долго ќе се памети во историјата.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.