Светските медиуми утрово објавија информација дека Едвард Сноуден, поранешен ЦИА агент, чија екстрадиција ја бараат САД, полета накај Москва од Хонгконг со компанијата „Аерофлот“.
Како што соопштува Првиот канал на руската телевизија, авионот со Сноуден во Москва треба да пристигне во 15:00 по средноевропско време. Сноуден сака од Москва да продолжи во Исланд. Нема никакви информации за тоа дека поранешниот американски специјален агент ќе остане во Русија.
Само да потсетиме дека минатата недела портпаролот на претседателот на Русија, Дмитриј Песков, изјави дека Русија е подготвена да го разгледа барањето на Сноуден за политички азил ако таква молба бие упатена. Министерот за надворешни работи, Сергеј Лавров покасно истакна дека барање формално не е упатено, но ја потврди подготвеноста на Русија да го разгледа.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче