Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја намали прогнозата за раст на БДП во Русија за оваа година до 2,5% од прогнозираните 3,4% во април. За 2014 година ММФ очекува раст на руската економија од 3,25%. ММФ забележува дека за намалениот економски раст најмногу е виновна надворешната побарувачка поради кризата во Европа.
Според прогнозите на ММФ, инфлацијата незабележително ќе се намали во Русија годинава и ќе се задржи на ниво од 5 до 6%, додека за 2014 година се очекува инфлација од 4 до 5%.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче