Пожарот на полигонот недалеку од Самара го гаснат беспилотни летала

Според оценката на Министерството за вонредни состојби, пожарот на полигонот може да продолжи уште неколку дена. Има десетина повредени и еден исчезнат.

На полигонот во градот Чапаевск, кој се наоѓа близу до Самара, сѐ уште гори пожар, поради што Министерството за одбрана е принудено да испрати во регионот беспилотни летала и хеликоптери за гасење пожар.

Експлозиите започнаа на 18 јуни, како што се смета, поради пожарот кој се проширил од блиската шума. Поради денотациите на полигонот, од локалните населени места се евакуирани речиси 6.500 луѓе.

Министерството за одбрана испрати во регионот четири беспилотни летала „Гусар“ и два хеликоптера Ми-8, како и еден Ми-26 со посебни додатоци за гаснење пожар.

Според оценката на Министерството за вонредни состојби, пожарот на полигонот може да продолжи уште неколку дена. Има десетина повредени и еден исчезнат. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња