Путин ќе замине во Финска

Финските власти очекуваат рускиот претседател Владимир Путин да дојде во работна посета во Финска на 25 јуни.

Финските власти очекуваат рускиот претседател Владимир Путин да дојде во работна посета во Финска на 25 јуни, соопшти Канцеларијата на претседателот на Финска, Саули Нинисте.

Како што се очекува, Нинисте ќе го прими Путин во својата летна резиденција во Култаранти во Нантали.

„Темата на разговор ќе бидат односите меѓу Финска и Русија, односите меѓу ЕУ и Русија, а ќе се разговара и за меѓународните прашања“, се наведува во соопштението на канцеларијата. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.