„Го поздравуваме доаѓањето на руските мировни сили на Голан без никакви резерви“, изјави заменик-министерот за надворешни работи на Сирија, Фејсал Микдад во интервју за руските весници.
Минатата недела Русија понуди да прати мировни сили на линијата која ги раздвојува Сирија и Израел, веднаш откако Австрија одлучи да ги повлече своите трупи од ова подрачје. Своите војници, исто така ги повлекоа Хрватска, Канада и Јапонија.
Во средата рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека не добил никакви негативни коментари за предлогот на Руската Федерација.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче