Руско-кинески вежби во Русија во почетокот на август

Се интензивира воената соработка меѓу Русија и Кина.

Антитерористички вежби во кои ќе учествуваат војници од Русија и Народноослободителната армија на Кина (НОАК) ќе се одржат во Чебаркуљскиот полигон во Челјабинската област во Русија во почетокот на август.

Вчера воена делегација од Кина ја посети руската воена база Шагол во Челјабинск. Во текот на посетата кинеските војници со своите руски колеги разговараат за подготовките околу вежбите, го погледнаа аеродромот и воената населба, ја проверија компатибилноста на руските средства за копнена поддршка на летовите со техничките карактеристики на својата авијација. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња