FT: Русија нагло заврти кон конзерватизам

Ваквата политика, според The Financial Times, е карактеристична за целиот трет мандат на Путин.

Големата поддршка од рускиот парламент за законите за забрана на пропагандата на хомосексуализмот и заштита на чувствата на верниците сведочи за наглото скршнување на Русија кон конзервативниот православен морал, пишува The Financial Times. Ваквата политика, според The Financial Times, е карактеристична за целиот трет мандат на Путин.

Во статијата се кажува дека после инаугурацијата во мај 2012, шефот на државата почнал да го поддржува новиот руски конзервативен национализам за да ја добие поддршката од повозрасното население, селското население, како и помалку образованото население. The Financial Times смета дека новите мерки на Кремљ се насочени на обезбедување на поддршката од страна на традиционалистите.

The Independent смета дека и онака лошата ситуација со геј-активистите во Русија стана уште полоша. The Guardian смета дека прифаќањето на овие закони суштествено ја зголемуваат власта на Руската православна црква во Русија. Како што се забележува во статијата, после минатогодишните протести, Путин се обрати кон Црквата за помош во пополнувањето на идеолошкиот вакуум. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња