Ливанов: бројот на студенти во Русија во следниве пет години ќе се намали

Според неговите зборови, намалувањето на бројот на руски студенти ќе може да се компензира со странски студенти, развој на науката и учество во проекти.

Бројот на руски студенти во следниве пет години ќе се намали поради демографската ситуација во Русија, изјави министерот за наука на Русија, Дмитриј Ливанов во понеделникот на состанокот со ректорите.

„Поради демографската ситуација, во следниве пет години бројот на студенти ќе се намалува и ќе го достигне својот минимум во 2017 година“, изјави Ливанов.

Според неговите зборови, намалувањето на бројот на руски студенти ќе може да се компензира со странски студенти, развој на науката и учество во проекти. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња