Првата екранизација на „Евгениј Онегин“ се појавила во Русија во 1911 година (режисер на немиот филм е Василиј Гончаров). Сепак, европската верзија била снимена после 8 години - германскиот „Онегин“ е екранизиран од режисерот и сценарист Алфред Халм. Германците повторно направиле уште една екранизација во 1972 година, кога телеканалот Zwites Deutsches Fernsehen (ZDF) ја создал музичката верзија на ова дело. На екраните „Онегин“ се појавил и во 1994 во Велика Британија во режисерска интерпретација на Хамфри Богарт. Најпознатата адаптација денес е „Онегин“ од 1999 година од британскиот режисер Марте Фајенс.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче