Утрово се случи пожар меѓу метро-станиците „Охотни рјад“ и „Библиотеката Ленин“.
Причина за пожарот според првичните информации е кабел кој се запалил во тунелот. Пожарникарските служби чекаа да се исклучи електричната енергија за да пристапат кон гаснење на пожарот. Засега само една жена настрада поради силниот дим кој се појави во тунелите.
Патниците веќе се пренасочуваат кон другите станици на московското метро. Поради привременото стопирање на работата на метрото во Москва, градскиот транспорт веќе е пренатрупан од патници кои сакаат да пристигнат до центарот на градот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче