Владимир Путин се сретна со Ван Ромпуј и Баросо на самитот Русија - ЕУ во Екатеринбург

Претседателот на Русија, Владимир Путин вчера замина во Екатеринбург да учествува на 31 самит Русија - ЕУ, кој ќе се одржи од 3 до 4 јуни.

Претседателот на Русија, Владимир Путин вчера замина во Екатеринбург да учествува на 31 самит Русија - ЕУ, кој ќе се одржи од 3 до 4 јуни.

Европската делегација ќе биде на чело со Ван Ромпуј и претседателот на Еврокомисијата - Жозе Баросо.

На првиот ден на самитот лидерите се сретнаа на неформална вечера. Како што соопшти за новинарите помошникот на претседателот на Русија, Јуриј Ушаков, на таа манифестација ќе се разговара за економската ситуација во Русија и ЕУ и дејноста на Г-20 во контекст на руското претседателство како и ситуацијата во Сирија. „Сметам дека нема да се потроши многу време за тоа. Освен тоа, темата за Сирија ќе се најде и на работниот појадок на 4 јуни“, забележа Ушаков.

Денес на самитот ќе има работен појадок, а потоа ќе се разговара за прашањата за новиот договор меѓу Русија и ЕУ за заемната трговија и енергетика, за соработката во областа на воздушниот транспорт.

Традиционално ваквите самити се одржуваат двапати годишно: во првото полугодие - во Русија, а во второто - во државата која претседателствува со ЕУ. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.