Најмоќниот магнет за истражување во светот ќе биде создаден во Русија

Реализацијата на проектот ќе се одвива 10 години и предвидува изградба на одделна зграда за магнетот со моќност од 100 Тесли.

Најсилниот магнет во светот за изучување на својствата на материјата на молекурално и атомско ниво ќе се гради во Русија во рамките на проектот кој е предложен од научниците на Институтот за физика „Лебедев“ при Руската академија за науки и МИТ (САД), пренесува прес-службата на Институтот за физика.

Реализацијата на проектот ќе се одвива во рок од 10 години и предвидува изградба на одделна зграда на Институтот, во која ќе биде инсталиран магнетот - „рекордер“ со силина од 100 Тесли. Сега во светот има само три научни центра во кои работат магнети со силина од 40 Тесли. Тоа се лабораториите во САД, Франција и Холандија.

„Ако се погледне на списокот на добитници на Нобелови награди, најголем дел од нив се добиени баш поради тоа што научниците имале пристап до силни магнетни полиња... Ако ние во Русија имаме пристап до таков магнет од 40 или 100 Тесли - нам ќе ни се отворат сите врати во науката“, забележа раководителот на проектот, Владимир Пудалов. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња