Бостонскиот терористички напад нема да се повтори во Сочи-2014

Руските чиновници уверуваат дека нема потреба од грижи околу безбедноста на Олимпијадата во Сочи.

Смртоносните експлозии за време на еден од најстарите светски маратони во Бостон предизвикаа сомнежи и страв околу безбедноста на зимската Олимпијада во Сочи.

Уште пред да се случи трагедијата во Бостон, многу западни специјалисти не беа уверени во правилниот избор на МОК за одржување на Игрите во Сочи. Освен тоа, во градот практично тогаш отсуствуваше спортска инфраструктура на светско ниво, географски е близу до најнесигурниот регион во Русија - Северен Кавказ.

Сепак ,руските чиновници кои се одговорни за организацијата на Олимпијадата успеаја да ја смират светската јавност. Според зборовите на Дмитриј Козак, заменик на претседателот на Владата на Русија - Олимписките игри се безусловен приоритет на организаторите. „Не треба да се мисли дека сме за сѐ подготвени, но ќе направиме сѐ за да не се повторат американските трагедии во Сочи“, изјави Козак.

За време на Олимпијадата формирана е посебна група од 1.500 луѓе кои ќе се грижат за безбедноста на Игрите. Исто така, во градот ќе има 70.000 полицајци кои ќе се грижат за редот и мирот. Тие ќе бидат разделени на групи, а во секоја група ќе има и преведувачи кои ќе можат да им помогнат на странците доколку се појави потреба. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња