„Известија“: Во Москва можно е да се појават четири нови железнички станици

Во Москва веројатно ќе се појават четири нови железнички станици.

Во Москва веројатно ќе се појават четири нови железнички станици. Така пишува весникот „Известија“, кој се повикува на предлогот на московскиот комитет за архитектура.

Две железнички станици треба да се појават во Перово и Царицино, а една кај метро станицата „Каланчевскаја“.

Освен тоа, се предлага и целосна реконструкција на Курската железничка станица.

Според зборовите на Комитетот, на Москва ѝ се неопходни нови железнички станици. Тие, пред сѐ, се потребни заради новите брзи возови.

За информација, во Москва веќе постојат 9 железнички станици. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.