Русија ќе го користи космодромот Бајконур во Казахстан уште барем 10 години, и покрај тоа што во моментов се гради космодромот Восточни во Амурската област, соопшти за РИА новости космонаутот Виктор Савиних.
„Русија нема да замине од Бајконур во следниве 10, 20, 30 години. Таму (на Далечниот Исток) се прави космодром за ракети кои ќе лансираат помалку значајни товари. „Протонот“ на Бајконур ќе остане“, изјави космонаутот.
Космодромот Восточни се гради во Амурската област во Русија, недалеку од затворениот град Углероск. Првото лансирање од тој космодром е планирано за 2015 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче