Со снимките од вселената Русите успеаја да ги најдат границите на наоѓалиштата на нафта

По снимките од вселената Русите успеаја да ги најдат границите на наоѓалиштата на нафта во Краснојарскиот крај.

По снимките од вселената Русите успеаја да ги најдат границите на наоѓалиштата на нафта во Краснојарскиот крај. Ова го соопшти доцентот на катедрата по геологија во Томскиот политехнички универзитет, Валериј Ростовцев.

„Методот на квантно-оптичка филтрација на снимките од вселената дозволува да се откријат границите на наоѓалиштата. Ние гледаме четири наоѓалишта под Белиот Јар во Томската област, и големо наоѓалиште недалеку од Комсомолск-на-Амур, 12 наоѓалишта меѓу наоѓалиштето Јурубчено и Ангара.“ изјави Ростовцев во кулоарите на Томскиот иновациски форум.

Ростовцев забележа дека технологијата за барање на наоѓалишта од вселената дозволува да се најдат истите во било која точка на земјата, но исто така, може да се погледне каде се наоѓа најголемата концентрација на нафта, па соодветно, може лесно да се определи местото каде ќе бидат поставени пумпите за нафта. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња