Приходите од странство веќе нема да може да се скријат

Руските даночни обврзници нема да можат да ги кријат приходите од странство.

Руските даночни обврзници нема да можат да ги кријат приходите од странство.

Даночните служби на државите од Организацијата за економска соработка и развој се договорија за автоматска размена на информација. Коминикето во новиот формат за соработка беше потпишан минатата недела во Москва.

Сега руските даночни служби ќе добиваат информација од странските колеги само со обично барање во кое треба да се наведе какви податоци се потребни и на што се основани сомневањата. Нема единствени електронски стандарди, па затоа службите ќе си разменуваат документи во цврсти копии.

Даночните служби самите ќе собираат информација за компаниите со странски менаџери и ќе им ги праќаат на колегите во земјите на Организацијата, вклучувајќи ја и Русија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.