Лавров: Обама ќе дојде во Москва пред самитот на Г-20

Посетата на претседателот на САД во Русија ќе се одржи пред одржувањето на самитот на Г-20.

Посетата на претседателот на САД во Русија ќе се одржи пред одржувањето на самитот на Г-20, а исто така, до крајот на годината ќе се одржи средба на министрите за надворешни работи и одбрана на Русија и САД во формат „два плус два“, пренесува Интерфакс.

„Пред да се одржи самитот на Г-20, Обама ќе дојде во Русија на средба со Владимир Путин... сега се усогласуваат деталите, конкретните рокови“, изјави Сергеј Лавров.

Како одговор на прашањето што ќе се случи откако Обама ќе го добие одговорот на своето писмо од Путин, министерот рече: „Претседателот на Русија го разгледа и ќе го напише својот одговор и своите погледи околу клучните проблеми во нашите односи, вклучувајќи ги и ПРО, стратешката стабилност и сите фактори кои влијаат врз неа. Понатаму ќе чекаме реакција на нашиот одговор“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња