Фирма-ќерка на PayPal доби лиценца за работа во Русија

PayPal конечно во Русија.

„ПејПел РУ“, фирма-ќерка на платежниот систем PayPal, кој припаѓа на eBay, доби лиценца за работа од Централната банка на Русија во вторникот, објавено е на интернет-страницата на Централната банка на Русија.

Лиценцата е доделена за остварување на банкарски операции со рубљи и странска валута за платежни и небанкарски кредитни организации од 14 мај 2013 година.

„ПејПел РУ“ е регистрирана на 13 март со основачки капитал од околу 26 милиони денари. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња