Во САД се појави скандал после откривањето дека Министерството за правда во САД добило извод на телефонските разговори на новинарите, со што повторно се посветува внимание на проблемот за попречувањето на слободата на изразување во САД од страна на државните структури, се кажува во коментарот на Константин Долгов, ополномоштен во Министерството за надворешни работи во Русија за правата на човекот, демократијата и владеењето на правото.
Најголемата новинска агенција во САД, Associated Press, на 13 мај упати протест до властите поради изводот на телефонските разговори во оваа агенција кој паднал во рацете на министерството за правда. Министерството за правда за периодот од април до мај 2012 година доби извод за повеќе од 20 телефонски линии, на кои најверојатно работеле околу 100 новинари.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче