Почина еден од авторите на Уставот на Руската Федерација

Еден од авторите на Уставот на Русија, Сергеј Алексеев, почина во 89-та година од животот, пренесува ИТАР-ТАСС.

Еден од авторите на Уставот на Русија, Сергеј Алексеев, почина во 89-та година од животот, пренесува ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на Институтот за философија и право во Уралското одделение на Руската академија на науки. Научникот почина во Санкт Петербург на 12 мај.

Алексеев, заедно со Анатолиј Собчак и Сергеј Шахај се смета за коавтор на Уставот на Русија, донесен во 1993 година. Од авторите жив е само Шахрај. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња