Нетанјаху и Путин ќе го разгледаат сириското прашање

Израелскиот премиер Нетанјаху во текот на својата посета во Москва на 14 мај планира да го разгледа сириското прашање со претседателот на Русија, Владимир Путин.

Израелскиот премиер Нетанјаху во текот на својата посета во Москва на 14 мај планира да го разгледа сириското прашање со претседателот на Русија, Владимир Путин.

“Израелскиот премиер сака да ја убеди Москва да не ѝ испорачува на Сирија противракетни комплекси С-300, бидејќи Западот треба да пробие пат кон Иран“, смета рускиот експерт за кризни ситуации Лав Корољков.

Во интервју за Гласот на Русија, тој истакна дека ако барем еден напад од Израел биде одбиен, а со помош на С-300 тоа секако ќе се случи - тоа ќе биде сериозен пораз за израелската влада. Договорот за испорака на комплексот С-300 на Сирија беше склучен уште во 2010 година, иако тогаш беше привремено паузиран поради опасноста да падне во рацете на опозицијата во Сирија.

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, веќе изјави дека нови договори за испорака на оружје во Сирија Русија нема да склучува, туку станува збор за реализација на старите договори. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.