Вице-премиерот на владата ја посети фабриката на КАМАЗ, каде лично се запозна со фабриката за мотори, фабриката за камиони, конвеерот, а исто така и со новите модели воена техника – автомобилот „Тајфун“ и оклопниот автомобил „Рис“.
Дмитриј Рогозин забележа дека современото производство кое го видел на КАМАЗ е ориентирано на најразлични сектори и ги задоволува потребите на Русија, но и на светскиот пазар.
„Компанијата
работи за да ѝ предложи на армијата современа техника која ќе може да ги
превезува војниците, заштитувајќи ги од мини, огнострелно оружје, и затоа
другите компании во воено-индустрискиот комплекс има од каде да учат“, изјави
Рогозин.
КАМАЗ е најголемо руско претпријатие за производство на камиони. Вклучува во
себе 150 организации во Русија, ЗНД и во други земји.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче