Раководителот на Федералната служба за надзор во сферата на заштитата на правата на потрошувачите Генадиј Онишченко, соопшти дека оваа служба ја следи истрагата против криминалната група во Кина која неколку години продавала месо од глувци и лисици како јагнешко. Од истите причини советувано им е и на руските авио-компании да не набавуваат намирници за послужување во авионите за време на летовите во Кина.
Онишченко исто така им советува на Русите кои патуваат во Кина да се воздржуваат од употреба на црвено месо - говедско и јагнешко. Во Приморскиот и Хабаровскиот крај, како и во Амурската област упатено е и официјално предупредување заради можни обиди за шверцување на опасното месо од Кина.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче