Продолжен викенд

Празникот на работниците се претвори во повод за одмор.

Во почетокот на мај Русите одбележуваат два празника кои останаа како наследство од СССР. Девет неработни дена поминат во славење - за многумина ќе бидат шанса за вистински одмор, иако има и такви кои ќе го искористат времето за поправи дома или незавршени обврски. За оние кои ќе останат во Москва предвиден е цел спектар забавни програми.

Мајските празници веќе одамна станаа за Русите алтернативен одмор: речиси четвртина граѓани земаат три слободни неплатени дена, обезбедувајќи си речиси двонеделен одмор.

Сепак, не сите се стремат за долг одмор: повеќе од половина Руси претпочитаат да не земаат слободни денови меѓу празниците. „За да се замине некаде за време на мајските празници, потребни се многу пари... Имам мала плата, затоа нема смисла да одмарам во мај, па затоа ќе одморам покасно...“, коментираат некои од анкетираните граѓани.

Од тие кои остануваат дома, речиси третина (36%) ќе останат во својот роден град, а само 8% ќе излезат да слават на природа. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња