Медведев исполни 40% од предизборните ветувања на Путин

Руската влада на чело со Дмитриј Медведев исполни 40% од упатствата кои ги даде претседателот Владимир Путин.

Руската влада на чело со Дмитриј Медведев исполни 40% од упатствата кои ги даде претседателот Владимир Путин пред една година, пишува весникот Ведомости, повикувајќи се на материјал од државниот апарат.

Се работи за упатства за спроведување на предизборните ветувања на претседателот. Владата има добиено 213 декрети од Путин. Најтешки, според наводите, се декретите за распределба на бесплатна земја на семејствата со повеќе деца и за изградбата на станови. Претседателот Путин го оцени остварувањето на своите упатства како задоволително. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.