Идеја со која може да се спречи масовното иселување од провинциите во Русија

Новата идеја на Валентина Матвиенко може да ја лиши Москва од стотици милијарди рубљи.

Главните канцеларии на најголемите руски компании, а заедно со нив и стотици милијарди рубљи даночни давачки можат да бидат пренесени од Москва во провинциите на Русија. Оваа идеја на Валентина Матвиенко ја поддржа и Владимир Путин. Негативните последици за Москва најверојатно ќе бидат далеку помали, за разлика од ползата на руските провинции.

Претседателката на Советот на Федерацијата, Валентина Матвиенко, предложи да се пренесат главните канцеларии на најголемите руски компании како Гаспром, Роснефт, Росенергоатом, Роснано во другите региони на Русија.

„Гас во Москва има само во кујните, затоа Гаспром треба да се пресели во Тјумен, Роснефт - во Сибир, Ростехнологии и Руските железници - на Урал, Росенергоатом - во Поволжјето, Роснано - во Калининград и т.н., односно да се направи реална диверзификација во економскиот живот“, изјави Матвиенко.  

„Ова е правилна идеја, изјави Путин за овој предлог. Најважното е тоа да се направи бавно, за да не се испразни нагло буџетот на Москва“.

Матвиенко е уверена дека ако се направи ова, во регионите каде што ќе функционираат овие компании ќе се појават дополнителни стимули за развој не само на економијата на регионот, туку и на образованието, здравството, социјалната инфраструктура и т.н. Но најважното од сѐ - талентираните нема да мора да заминуваат од провинциите и масовно да доаѓаат во главниот град. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња