Владимир Путин во живо

Денес претседателот на Русија за прв пат во неговиот трет претседателски мандат ќе зборува со граѓаните на Русија во живо на федералните телеканали.

Денес претседателот на Русија за прв пат во неговиот трет претседателски мандат ќе зборува со граѓаните на Русија во живо на федералните телеканали.

„Зачувувајќи ги традициите после децениското искуство со одржување на вакви појавувања, шефот на државата во живот ќе одговара на прашањата кои ги засегаат руските граѓани“, се соопштува на интернет-страницата на Кремљ.

Прашања на претседателот можат да му постават и гостите во студиото каде што ќе се снима телевизиската варијанта на програмата, како и луѓето кои се наоѓаат во специјални студија насекаде низ Русија. Прашања на претседателот ќе можат да му постават граѓаните преку повикувачкиот центар, СМС или преку интернет-страницата на „директната линија“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.