Најголемата деловна и политичка случка во Русија - 17-от Меѓународен економски форум во Санкт Петербург - ќе се одржи до 20 до 22 јуни. Перспективите на глобалната економија и патиштата за постигнување на економски раст ќе бидат тема на разговор на околу 5.000 учесници од целиот свет.
Темата на „Рускиот Давос“ 2013 ќе биде „Перспективите на глобалната политика: време за решителни дејства“. Освен тоа, ќе се разговара за економските политики на Г20, стимулирањето на инвестициите и забрзувањето на растот на економијата, управување со државниот долг, реформите во меѓународниот финансиски систем, развојот на енергетскиот пазар и зголемување на светската трговија.
На форумот ќе настапи германската канцеларка, Ангела Меркел и премиерот на Холандија, Марк Руте.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче