Војниците со оклопниот транспортер БТР-82А се подготвуваат за парадата по повод Денот на победата

Новите БТР-82А за прв пат ќе учествуваат на парадата која се ќе се одржи на Црвениот плоштад на 9 мај.

Новиот оклопен транспортер БТР-82А стана дел од вооружувањето на руската војска во февруари 2013 година. Неколку месеци покасно дваесеттина возила од овој тип ќе поминат на Црвениот плоштад по повод Денот на победата над фашизмот.

Пред да се појави оваа техника на парадата, екипажот на транспортерите ќе учествува во борбена обука. Обуката предвидува пикање од 30 милиметарскиот топ со околу 50 проектили. Овој топ може да ги гаѓа воздушните и копнени цели на оддалеченост од 3 километри. БТР има и митралез со калибар од 7,62 мм.

30-милиметарскиот топ е во состојба да пробие оклоп на тенк, а 7,62 милиметарскиот митралез е ефикасен против пешадија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња