Министерството за вонредни состојби во цела Русија ќе го активира системот за предупредување

На 23 април на целата територија на Русија ќе започнат вежби на Министерството за вонредни состојби.

На 23 април на целата територија на Русија ќе започнат вежби на Министерството за вонредни состојби кои ќе траат до 26 април. Експертите ќе ја демонстрираат подготвеноста за ублажување на последиците при вонредни состојби и пожари од големи размери.

Освен тоа, во многу региони ќе биде тестиран системот за предупредување на населението (механички и електронски сирени). Во вежбите ќе учествуваат медицински установи, спасувачки екипи и противпожарни служби. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.