Луј Витон се подготвува за Олимпијадата во Сочи

Најголемиот светски производител на брендирана облека LVMH се подготвува ова лето да отвори продавница Louis Vuitton во престолнината на зимската Олимпијада – Сочи. Освен тоа компанијата бара партнер за логистика за опслужување на Интернет продавницата што ќе ја отвори во Русија.

Луј Витон (LV) планира да го зголеми присуството на својата марка на рускиот пазар како за сметка на раширувањето на веќе постоечките продавници, така и со помош отворање нови, изјави претседателот на компанијата за Северна Европа Роберто Егс. Петтиот бутик од оваа марка ќе се отвори кон средината на летово во Сочи. Како што вели господин Егс, заради географската особеност овој магазин ќе биде првиот во Русија кој е концептуално сличен на бутиците во Куршевел и во Сен Тропе.

За првпат Луј Витон ја отвори својата брендирана продавница на рускиот пазар на Столешниковската улица во 2003 година. По една година се појави и вториот бутик Главната универзална продавница (ГУМ) во Москва, по три години во Санкт Петербург, а во 2009 година се појави и продавница во Екатеринбург.

Пред шест години поранешниот претседател и извршен директор на LV Ив Карсел изјави дека компанијата исто така ја разгледува можноста за отворање на бутици во Ростов на Дон, Самара и во Нижни Новгород. Сепак, подоцна компанијата ги измени своите планови, концентрирајќи се на московскиот пазар, чиј потенцијал, според Роберто Егс, сè уште не е исцрпен, а исто така и на земјите од Сојузот на независни држави.

Руската екипа на брендот отвори продавници во Казахстан и во Украина, а наскоро ќе отвори бутик и во Варшава. Господин Егс исто така изјави дека LV решил да го зголеми продажниот простор на својата продавница на Столешниковската улица.

Инвестициите на рускиот пазар, како и неговите финансиски показатели, компанијата не ги открива. Сепак, како што уверува Роберто Егс LV е задоволен од работата на руските продавници: сите тие, вклучително и онаа што се отвори пред четири години во Екатеринбург се доходовни. За Луј Витон Русија влегува во првата петорка на главни пазари.

На почетокот на оваа година компанијата го локализираше својот сајт за рускојазичната публика. Сега се разгледува можноста за отворање на Интернет продавница во Русија и за оваа цел се бара партнер за логистика. Но, продажбата во традиционалните продавници останува приоритетна за марката.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња