Во 2011 година Русија барала информации од САД за еден од браќата Царнаеви

Нови моменти околу браќата Царнаеви.

Во 2011 година Русија побарала од ФБИ податоци за постариот брат - Тамерлан Царнаев. Ова го пренесува Ројтерс, повикувајќи се на извор во ФБИ.

Претходно беше соопштено дека „некоја странска агенција“ се интересирала за Тамерлан, но не беше познато за која агенција станува збор.

Во 2011 година Русија побарала информации од ФБИ, бидејќи се сомневала дека Тамерлан припаѓа на некоја екстремистичка група. ФБИ го испрашал Тамерлан, но не нашол повод за притворање. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња