Тамерлан Царнаев почнал да се интересира за радикалниот правец во исламот за време на последниве неколку години живот во САД, поради што силно ги вознемирил своите роднини во Дагестан за време на неговата последна посета кај нив минатата година. Ова го пренесуваат неколку медиуми, повикувајќи се на роднини на Тамерлан Царнаев, кој заедно со неговиот брат Џохар се главните осомничени во организирањето на терористичкиот напад за време на Бостонскиот маратон.
Тамерлан загина во четвртокот за време на претсрелка со полицијата во предградијата на Бостон, а Џохар е фатен во петокот после голема операција на органите на редот во Бостон.
Како што пренесува Еј-би-си, Тамерлан Царнаев, кој имал 26 години, бил избркан од куќата од неговиот вујко поради неговите екстремистички погледи. Друг негов роднина изјавил дека „тој во Дагестан дошол сосема променет, со нови, радикални погледи кои најверојатно се појавиле во САД“.
Говорејќи во петокот вечерта во Белата куќа, веднаш после апсењето на Џохар Царнаев, претседателот на САД, Барак Обама, вети дека американските служби ќе направат детално истрага за околностите околу нападот во Бостон, за да појаснат зошто се случи оваа трагедија. „Зошто млади луѓе кои пораснале и учеле овде, биле дел од нашето општество и нашата држава, се решија за такво насилство?“, прашал американскиот лидер.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче