Руски банкар кој побегнал од својата земја е фатен во австриска шума

Полицијата на Австрија го задржа поранешниот сопственик и претседател на советот на директори на ВЕФК банката, Александар Гителсон, за кој е распишана меѓународна потерница за измама и манипулации со парични средства.

Во моментов се разгледува барањето за негова екстрадиција во Русија.

Гителсон ја напушти Русија есента во 2010 година, веднаш откако беа покренати неколку кривични пријави. Во почетокот на декември 2010 година, по него била објавена меѓународна потерница, а во 2011 година, во негово отсуство е осуден на 5 години затвор поради кражба на 750 милиони денари.

Според податоците на австриската полиција, после исчезнувањето од Русија, Гителсон се криел во Кипар, Словачка и Србија, но конечно бил фатен во една куќарка во шума во Австрија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња