Претседателот на Русија, Владимир Путин бара да не се создаваат вештачки препреки за давање на руско државјанство на одредена категорија луѓе „кои ѝ се потребни на Русија“.
„Во многу држави постои олеснета постапка за давање на државјанства на одредени категории на луѓе. Тоа е возраста, односно репродуктивната возраст, доброто образование и атрактивноста на пазарот на труд“, изјави Путин за време на средбата со шефот на Федералната миграциска служба на Русија, Константин Ромодановски.
Тој напомна дека другите држави имаат искуство со давање државјанства на група луѓе кои сакаат да го продолжат животот во својата држава, подвлекувајќи дека не станува збор за емигранти кои само доаѓаат да заработат, а потоа се враќаат во својата држава. „Не треба да се создаваат препреки за тие категории луѓе кои ѝ се потребни на Русија и кои реално не создаваат никакви проблеми за нашите граѓани“, изјави Путин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче