Неформална средба на претседателите на државите на ОДБК

Неформалната средба на претседателите на државите на ОДБК може да се одржи во мај.

Неформалната средба на шефовите на државите-членки на ОДБК најверојатно ќе се одржи во мај; на таа средба сосема сигурно е дека ќе се разговара за последиците на повлекувањето на војската на САД и нивните сојузници од Авганистан, изјави генералниот секретар на организацијата, Николај Бордјужа.

„Не можам да кажам со апсолутна сигурно дека во мај ќе се одржи средба. Но веројатноста за тоа е голема...“, изјави Бордјужа. Тој додаде дека во оваа година во рамките на ОДБК е планирано одржување на неколку воени маневри, како и антитерористички вежби. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.