Кудрин: Државите треба да се откажат од нови задолжувања

Според мислењето на поранешниот министер за финансии, руската економија изгледа далеку подобро од другите само поради цените на нафтата.

„Клучниот проблем на 20 и 21 век - е нееднаквоста во развојот на државите, а исто така и нивните општества“, изјави поранешниот министер за финансии, Алексеј Кудрин на форумот „Русија-2013“. Според зборовите на Кудрин, тоа се случува поради тоа што државите во светот продолжуваат повеќекратно да ја поминуваат опасната црвена црта.

„Сега владите на многу држави се до тој степен должни (државниот долг на САД достигна 100% од БДП, Франција - 90%, средниот долг во Европа - 80%), што има сериозен повод за загрижување. Веќе е премината линијата до која се смета дека државите се ’на сигурно’. Кој ги финансира тогаш, ако сите се должни?“ изјави Кудрин.

„Русија има зошто да се гордее и да биде пример за многу држави во светот во однос на долгот. Долгот на Русија е само 10% од БДП. А само помислете, после кризата во 1998 година, Русија имаше 140% долг“, додаде поранешниот министер. „Веднаш после тоа помогнаа приходите од нафтата и веќе имаме добра резерва и стабилност.“

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња