Во мај во Волгоград ќе ги прикажат најдобрите воени филмови

Најдобрите воени руски и странски филмови ќе бидат прикажани на првиот меѓународен кинофорум „Сталинградски јоргован“.

Најдобрите воени руски и странски филмови ќе бидат прикажани на првиот меѓународен кинофорум „Сталинградски јоргован“, кој ќе се одржи во Волгоград од 8 до 13 мај годинава, соопштува регионалната влада.

Главната цел на кинофорумот е одбележување на 70 години од победата во Сталинградската битка.

Кинофорумот ќе се одржи со помош на регионалната влада.

„Програмата на фестивалот треба да ја покаже важноста на темата на патриотското воспитување на младината, за да не се допушти фалсификација на историјата и да се зачува паметта за хероите на војната“, изјави губернаторот на областа, Сергеј Боженов. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња