Со помош на руските ракети Венецуела ќе може да соборува американски авиони

Венецуела го доби најновиот руски систем за ПВО со голем радиус на дејство - С-300ВМ.

Венецуела го доби најновиот руски систем за ПВО со голем радиус на дејство - С-300ВМ. Две дивизии уште летово ќе бидат монтирани, тестирани и предадени на користење на нарачателот, а до есента годинава, истиот ќе почне да функционира целосно.

Интересно е тоа што овој систем е испорачан на Венецуела веднаш после смртта на Уго Чавез.

Извозната варијанта на С-300ВМ се нарекува „Антеј-2500“. Системот е наменет за одбрана на најважните објекти од напад од балистички ракети со среден опсег на дејство (до 2,500 км), аеробалистички и крилести ракети, авиони од стратешката и тактичката авијација, како и воени хеликоптери.

Засега ова е најмоќната верзија на ПВО систем кој се извезува. Помоќен од овој систем е само С-400.

Ниту еден од соседите на Венецуела нема сличен систем кој може да му парира на С-300ВМ. Такви системи има само САД.

Овој систем е дел од договорот за испорака на вооружување на Венецуела, склучен уште во 2009 година. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња