Вазата на последниот руски император е продадена во САД

Имотот на руските цареви високо се цени во светот.

Вазата од розов порцелан со сребрени додатоци од Карл Фаберже, создадена како подарок за Николај II - е продадена во понеделникот во Њујорк за време на аукција во Кристи за 438.000 долари, што е далеку повеќе од првоначалната сума која организаторите очекувале да ја добијат.

Вазата е направена во 1908 година. На почетокот се очекувало таа да се продаде за 150-250.000 долари.

Побарувачката на сѐ што допреле рацете на Фаберже е голема во САД, посебно доколку истите тие дела припаѓале на царското семејство. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња