Претставник на Руската православна црква не ја исклучува можноста за обновување на монархијата во Русија

Можноста за обновување на монархијата во Русија не е исклучена.

Можноста за обновување на монархијата во Русија не е исклучена, меѓутоа за тоа мора да постојат одредени предуслови во општеството - вештачкото наметнување на тој вид на власт може да има негативни последици за земјата, изјави претставникот на Синодското одделение при Московската патријаршија, Всеволод Чаплин.

Тој објасни дека дел од православните верници во Русија сметаат дека за Русија најдобро државно устројство е монархијата. Освен тоа, „Основите на социјалната концепција на Руската православната црква“ зборуваат за „можностите за духовен препород на општеството, со што би се овозможило преминување на верски вкоренет вид на власт“.

Од друга страна, Чаплин истакна дека според неговите податоци - веќе постојат „одредени политичко-технолошки сценарија од странските сили, според кои се предвидува воспоставување на монархија под строга контрола на странските фактори - како еден од начините да се потчини Русија“. „Меѓутоа, се плашам дека таквото ’обновување’ нашиот народ нема да го прифати и тешко дека тоа на Русија ќе ѝ донесе било каква корист“, рече Чаплин. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња