На московските царински пунктови и во аеродромите стојат 500 тони меѓународна пошта. Тоа се производи кои се нарачани од руските граѓани преку Интернет. Ова го соопштува „Комерсант“, повикувајќи се на извор во „Пошта - Русија“.
Според информациите, причина за задршките на пратките е недостаток на персонал на царинските пунктови. „Пошта - Русија“ обработува и доставува на преглед до 48.000 мали пакети во едно деноноќие, додека царинските службеници успеваат да прегледаат од 25.000 до 37.000 на ден. Поради ова, сите пратки каснат дополнителни три до шест дена.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче