Русија на молба од Европската комисија донесе одлука да се преструктуира кредитот од 2,5 милијарди евра кој го даде на Кипар, изјави претседателот Путин за време на посетата во Хановер.
„Кон крајот на 2011 година му одобривме на Кипа кредит од 2,5 милијарди долари, а на молба на Европската комисија одлучивме да го преструктуираме, со што ќе се допринесе за решавање на кипарскиот проблем“, изјави Путин.
Рускиот претседател не ги образложи условите за преструктуирање на овој кредит. Меѓутоа, познато е дека Русија и Кипар во март преговараа да се пролонгира исплатата на кредитот за пет години, а каматните стапки да се намалат од 4,5 на 2,5%, што е еднакво на отпишување на 10% од нивниот долг.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче