Најновиот руски ловец Су-35 и авионот Јак-130 за прв пат ќе бидат демонстрирани во странство - на авиосалонот во францускиот Ле Бурже. Тие авиони ќе земат учество во летната програма на изложбата.
На оваа изложба се планира да се покажат перформансите и на хеликоптерот Ка-52 „Алигатор“. Освен него, во Ле Бурже ќе бидат покажани и хеликоптерот Ка-100 и макетата на патничкиот авион МС-21.
Според последните податоци, воздушната техника зазема 46% од рускиот воен извоз. Најголем увозник на руската воена техника во минатата година беше Индија.
Прочитајте повеќе за овие ловци на оваа врска.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.