Кустурица во Русија ќе сними филм за косовските „црни транспантолози“

Српскиот режисер Емир Кустурица е намерен да сними филм за незаконската трговија со човечки органи на Косово.

Српскиот режисер Емир Кустурица е намерен да сними филм за незаконската трговија со човечки органи на Косово.

Филмот делумно ќе има допирни точки со делата на Фјодор Достоевски. Главниот херој во филмот ќе биде Србин, кој многу години живее во Париз и кој живее според Родион Раскољников од „Злосторство и казна“.

„Мислам дека тој филм ќе го снимам во следниве три години, бидејќи тоа е голем филм и тој сака големи припреми и инвестиции, а идејата доаѓа од сценариото на мојата ќерка, поради што бевме доста збуните, но полека сфативме дека тоа можеби е и најголемата тема на овој век“, изјави режисерот.

Кустурица забележа дека филмот ќе го снима во Русија, бидејќи значителен дел од дејствата според сижето се случуваат имено таму, а на Косово снимањето е невозможно поради сложената политичка ситуација. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња