Главното разузнавачко одделение ќе го испрати најновиот брод-разузнавач на Хаваите и на Алјаска

Главното разузнавачко одделение на Воено-морската флота на Русија во 2014 ќе го добие најновиот разузнавачки брод „Јуриј Иванов“.

Главното разузнавачко одделение на Воено-морската флота на Русија во 2014 ќе го добие најновиот разузнавачки брод „Јуриј Иванов“. Неговата главна функција ќе биде набљудување на компонентите на американскиот систем за ПРО на Алјаска и Хаваите. За да го оствари тоа, тој треба да биде опремен со специјална апаратура за радио-техничко разузнавање, со што ќе се овозможи откривањето, преслушувањето и анализирањето на сигналите од комплексот.

Точните карактеристики на опремата која ќе биде на бродот е тајна. Сепак, нема да има никакво вооружување на бродот, бидејќи НАТО, во случај да го открие, формално има право да отвори оган врз него.

Во моментов бродот се гради на бродоградилиштето во Санкт Петербург. Се очекува после изградбата на овој брод да се започне со создавање на цела серија бродови за овој проект. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.