Русија ги предлага своите реактори

Русија ќе учествува на тендер во Финска.

Ако Финска распише тендер, Русија радо би градела таму нуклеарни реактори, изјави извор во руската влада пред состанокот на премиерот на Русија и Финска, Дмитриј Медведев и Јуркиј Катајнен. Состанокот треба да се одржи на Форумот на Балтичкото море во Санкт Петербург. Соговорникот на новинската агенција изјави дека Финска сè уште не донела конечна одлука.

Финската компанија Fennovoima оваа година ќе избере испорачувач на реактор со средна моќност, а кандидати се рускиот Росатом, јапонската Тошиба и француската Арева.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња