Министерството за одбрана на Руската Федерација годинава повторно ќе започне со купување на реактивниот ракетен систем „Торнадо-С“ и „Торнадо-Г“. Тендерот за набавка на муниција е веќе објавен, изјави за РИА Новости генералниот директор на компанијата „Сплав“, Николај Макаровец.
„Торнадо-Г“ и „Торнадо-С“ се во плановите за набавка од страна на Министерството за одбрана уште годинава. Вкупниот број кој ќе се купи сè уште не е определен, но јасно е дека ќе се купуваат во голем број“, изјави Макаровец.
Макаровец не ја исклучува и можноста за извоз на овие ракетни системи и во странство. „Кога ќе ги завршиме државните испитувања, ќе создадеме и извозна варијанта. Мислам дека тоа ќе се случи за околу една година“, додаде Макаровец.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче